ФУДБАЛ

Лидс казнет за неспортско однесување против Челзи

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија го казни Лидс Јунајтед со 20.000 фунти, откако клубот од Јоркшир ја прифати вината за неспортското однесување на играчите во поразот од Челзи во натпреварот од 16. коло на Премиер лигата одигран на 11 декември.

Сините од Лондон победија на Стемфорд Бриџ со решавачкиот гол на Жоржињо со 3:2 од пенал во последните моменти од натпреварот. Тоа беше втор пенал досуден за домашната екипа.

Во тој момент неколку фудбалери на Лидс го опколија судијата Крис Каван. Неспортското однесување продолжи и во моментот кога судијата го доигра крајот на натпреварот.

Лидс Јунајтед се изјасни за виновен и ја прифати стандардната казна на Фудбалската асоцијација.

Лидс е во серија од три последователни порази. По натпреварот со Челзи (2:3) претрпе уште два тешки порази: од Манчестер Сити (0:7) и Арсенал (1:4), а во недела на Боксинг деј го чека уште еден предизвик – тимот на Ливерпул.

Лидс моментално се наоѓа на 16. место во Премиер лигата.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига