ФУДБАЛ

Лидс направи огромна грешка што го замени Алиоски со Фирпо

Алекс Меклиш сугерираше дека Лидс Јунајтед направил грешка што го замени Езгјан Алиоски со Жуниор Фирпо за време на летниот преоден рок.

Поранешниот селектор на Шкотска, зборувајќи за „Football Insider“ , призна дека летното засилување сериозно се мачело да се справи со Премиер лигата оваа сезона.

Фирпо (25 ) летово пристигна од Барселона за сума од околу 12,7 милиони фунти (15 милиони евра).

Во меѓувреме, колегата лев бек Алиоски го напушти Еланд Роуд за да му се приклучи на Ал Ахли на слободен трансфер по крајот на неговиот договор.

Меклиш инсистираше на тоа дека 29-годишниот играч е повеќе од способен дефанзивец,  под палката на Марсело Биелса.

Тој призна дека обидот да го замени со Фирпо не тргнал според планот.

„Многупати кажав досега дека Алиоски од лев бек и лево крило стана класично бек-крило, нешто што на пример во Франција, Италија и Англија во последно време посебно се користи, зашто таквите крилни-бекови многу почесто напаѓаат, без оглед што некогаш не се дефанзивно најдобри.

Ама, Алиоски беше таков фудбалер и израсна во таков крилен-бек. И можеби неговата замена со Фирпо делуваше како добар и голем план, само што на терен не е така, од доаѓањето тој се мачи.

Се мачи со брзината на игра, со техничките квалитети на премиерлигашите, со просторот. Делува дека му е многу тешко, за разлика од Алиоски кој одлично се снаоѓаше, посебно под палката на Марсело Биелса“, вели Меклиш.

Фирпо стартуваше девет пати во 12 настапи во Премиер лигата за Лидс досега.

Тој веќе има пет картони, што значи дека ќе го пропушти саботниот дуел со Арсенал.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЕзѓан Алиоски