Крилниот напаѓач на Лидс Јунајтед, Рафиња од следната сезона ќе биде играч на Барселона, информираше новинарот Фабрицио Романо.
Англискиот клуб ја прифати понудата на Каталонците за обештетување во висина од 58 милиони евра, која со одредени бонуси може да изнесува и 67 милиони евра.
Се наведува дека 25-годишниот Бразилец уште од февруари знаел дека сака да се пресели само во тимот од стадионот „Камп Ноу“, и дека ќе потпише договор со тимот предводен од Чави Ернандез до 2027 година.
Барселона како слободни играчи во тековниот преоден рок ги ангажираше Франко Касиер од Милан и Андреас Кристенсен од Челзи.
Во претходната сезона Рафиња одигра 36 натпревари во сите натпреварувања за Лидс и постигна 11 голови. Пред да дојде во Лидс во 2020 година, тој играше за Аваи, Виторија Гимараеш, Спортинг и Рен.