Македонските фудбалери не добија посакувани противници во нокаут фазата од Лигата на Европа, откако Стефан Ристовски со својот Спортинг Лисабон во 1/16 финалето ќе ги одмери силите против шпански Вилјареал, додека Фенербахче за кој настапува Елиф Елмас ќе игра против руски Зенит. Единствено Аријан Адеми може да се пофали со полесен противниб бидејќи Динамо загреб за противник во опваа фаза од натпреварувањето ќе го има тимот на Плзен.

Од преостанатите натпревари, италијанскиот калчолигаш Интер за противник ќе го има Рапид Виена, додека Челзи ќе игра против шведскиот Малме. Екипата на Арсенал ќе има пресметка со Бате Борисов, а Наполи ќе игра против Цирих. Многу интересен ќе биде дуелот меѓу Лацио и Севилја, како и Галатасарај со Бенфика.
Првите натпревари се играат на 14 февруари, додека реваншите се закажани за седум дена подоцна.
Двојки: Плзен – Динамо (З), Клуб Бриж – Салзбург, Рапид Виена – Интер, Славија Прага – Генк, Краснодар – Баер (Л), Цирих – Наполи, Малме – Челзи, Шахтјор – Ајнтрахт Ф., Селтик – Валенсија, Рен – Бетис, Олимпијакос – Динамо Киев, Лацио – Севилја, Фенербахче – Зенит, Спортинг (Л) – Вилјареал, Бате Борисов – Арсенал, Галатасарај – Бенфика.
ГАЛАТАСАРАЈ – БЕНФИКА