Вчера беше комплетирано првото коло од фудбалската Лига на шампионите со одиграните натпревари во Е, Ф, Г и Х групите.
Најголемото изненадување се случи во Манчестер. Еден од најголемите фаворити можеби и за освојување на трофејот Манчестер Сити беше поразен на домашен терен од тимот на Лион. Французите во првиот дел имаа предност од 0:2, а тимот на Сити стигна само да намали, не и да избегне пораз. Затоа другиот тим од Манчестер, Јунајтед беше успешен на гостувањето кај Јанг Бојс и го доби натпреварот со 0:3.
Ревија на досудени пенали имаше на мечот Валенсија – Јувентус. Најпрво Италијанците останаа со играч помалку откако исклучен беше Роналдо. Меѓутоа тоа не беше проблем за „бјанконерите“ кои што од белата точка стигнаа до водство преку Пјаниќ. Само што почна вториот дел уште еден пенал претворен во гол за 0:2. Валенсија, пак, промаши пенал во финишот од средбата и со тоа шанса барем да намали.
Реал Мадрид на свој терен беше сигурен против тимот на Рома, а Баерн Минхен без проблеми оствари триумф во Лисабон над Бенфика. Ајакс дома го совлада АЕК со 3:0, додека натпреварите Шахтјор – Хофенхајм и Плзен – ЦСКА Москва завршија без победник 2:2.
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА Е: Ајакс – АЕК 3:0, Бенфика – Баерн 0:2
ГРУПА Ф: Шахтјор – Хофенхајм 2:2, Манчестер С. – Лион 1:2
ГРУПА Г: Плзен – ЦСКА Москва 2:2, Реал Мадрид – Рома 3:0
ГРУПА Х: Валенсија – Јувентус 0:2, Јанг Бојс – Манчестер Ј. 0:3
Извор: ТВ21