Последниот натпревар од 30. коло на Премиер лигата се одигра на Селхурт Парк.
Во малото лондонско дерби, Кристал Палас го пречека Арсенал и му нанесе тежок пораз со убедливи 3-0.
Популарните „орли“ брилијантно го отворија мечот и по воведниот половина час имаа два гола предност, што на крајот беше клучно за конечниот исход.
Домашните погодија во опсег од осум минути. Прв погоди Матета во 16. минута, а во 24. минута по убава завршница стрелец беше Ају.
Во вториот дел уште една топка во мрежата на Топџиите. По серијата промашувања на гостите во 74. минута, Заха успешно го претвори пеналот во гол.
До крајот на натпреварот Арсенал можеше да постигне утешен гол. Од неколкуте големи шанси се издвојува Нкетиаха кој ја погоди пречката.
Овој пораз е сериозен удар за запнатиот гигант од северен Лондон во борбата за Лигата на шампионите. „Топчиите“ сега се петти, но имаат ист број бодови како и Тотенхем на 4-то место.
Точно, Арсенал има натпревар помалу во однос на најголемиот ривал, но со двата порази во последните три меча, наеднаш им се стопи предноста на четвртото место и сега ситуацијата е многу посложена за елитното натпреварување каде веќе неколку сезони ги нема.