Вечерва се играат натпреварите во групите E, F, G и H, во Лигата на шампионите
Вечерва ќе се одиграат натпреварите од третото коло од Лигата на шампионите во групите E, F, G и H.
Фокусот се очекува да биде на натпреварот меѓу Интер и Борусија Дортмунд во групата F.
Нероаѕурите ќе се обидат за стигнат до нивната прва победа да останат во квалификациската трка.
Од друга страна, германскиот тим со евентуална победа во Италија би направил голем исчекор.
Во другиот дуел од групата, Барселона во Чешка се смета за фаворит против Славија Прага.

Во групата Е, европскиот шампион Ливерпул гостува кај Генк во Белгија и ги сака сите три бода.
Во другиот натпревар од оваа група, Наполи ќе има тешкотии на гостувањето во Салцбург на Австрија.
Во групата G, главен натпревар ќе биде оној меѓу Лајпциг и Зенит, кој ќе се игра во Германија.
Во другиот дуел, Бенфика, која нема бодови, е домаќин на Лион во Португалија.
Во групата H и последна, Ајакс ќе „брка“ својата трета последователна победа.
Но, сензацијата од минатата сезона во Лигата на шампионите нема да биде лесна задача бидејќи го чека Челси во Холандија.
Во вториот натпревар од групата H, Лил во Франција ќе ги бара првите бодови на натпреварот против Валенсија.