Лихтштајнер две години подоцна објасни зошто им покажа на Србите „двоглав орел“

Written by

in

Повеќе од две години по натпреварот Швајцарија – Србија на Светскиот куп во Русија, Стефан Лихтштајнер објасни зошто им покажа на Србите двоглав орел.

Поранешниот фудбалер на Лацио, Јувентус и Арсенал ја заврши кариерата пред два дена, и конечно реши да зборува за настаните во Русија.

Некогашниот одличен дефанзивец изјави дека им го покажал „двоглавиот орел“ на Србите од солидарност со соиграчите Гранит Џака и Џердан Шаќири.

„Тоа што славев со двоглав орел? Покажав солидарност со моите соиграчи, и тогаш и во иднина“, рече тој, додавајќи:

“Тоа е она што ни треба за време на корона кризата. Во однос на емоциите, натпреварот против Србија беше најекстремен, затоа што имавме многу играчи со албанско потекло. И тогаш голот во 90-та минута, беше лудило.”

Патем, Швајцарија го доби тој натпревар со 2:1, а погодија Џака и Шаќири.