Хрватскиот ракометен стручњак Лино Червар изненадувачки донесе одлука да го напушти хрватскиот шампион ППД Загреб.

Легендарниот тренер кормилото на „плинарите“ го презема на крајотод јуни оваа година, а по пет месеци донесе одлука да ги води ракмоетарите на Загреб на уште два – три натпревари.
Червар одлучи максимално да и се посвети на хрватската репрезентација, каде ја извршува функцијата на селектор. Наместо него Загреб во наредниот период ќе го водат Тончи Валчиќ и Горан Раковац.
Најтрофејниот хрватрски тренер претходно ППД Загреб го водеше во два наврати од 2000 до 2002 година и од 2004 до 2009 година.
Тој беше и тренер на македонскиот вицешампион Металург, од каде направи трансфер во Загреб