ФУДБАЛ

Лион се уште бара тренер, Италијанецот најсериозен кандидат

Фудбалскиот клуб Лион активно бара замена за Лоран Блан, а не е исклучено во следните неколку дена на клупата на овој тим да седне и италијански тренер.

Француските медиуми пренесуваат дека Лион преговара со Џенар Гатузо и дека тој во моментов е најсериозен кандидат за преземање на тимот по заминувањето на Блан.

Клупата на Лион е празна откако освои само еден бод и прими 10 гола во воведните четири кола во Лига 1.

Лион го сакаше поранешниот менаџер на Брајтон и Челзи, Греам Потер, но тој ја отфрли можноста за преселба во Франција.

Покрај Гатузо, опција е и тренерот на Црвена звезда Хабиб Беје, а се споменува дека во игра е и поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер.