Лионел Меси не се снајде најдобро во ПСЖ како што се очекуваше.
Аргентинецот одигра неколку луди натпревари, но тоа е далеку од Меси како што сме навикнати.
Имаше и неколку очајни изданија, а на крајот од сезоната Аргентинецот можеби го доживеа најголемото понижување во кариерата.
Лионел Меси се најде меѓу четворицата кандидати за најголемиот неуспех во сезоната.
VOTE | Ligue 1 Flop of the Season
Vote in full ➡️ https://t.co/OOhPhaOgbc
— Get French Football News (@GFFN) May 14, 2022
Покрај Меси во конкуренција се уште Џердан Шаќири, Жером Ботаенг, Џорџинио Вајналдум.
Навикнати сме Меси секогаш да биде во потесниот круг за најдобри играчи во сезоната, но оваа сезона во Лига 1 одигра разочарувачки.
Тој е далеку од Златната топка, не е ниту меѓу 20-те кандидати, а номинацијата за пропуштање на сезоната доволно го отсликува мислењето на медиумите и навивачите за неговите настапи во дресот на ПСЖ.