Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси има многу проблеми со повреди на стартот на новата сезона.
Сепак, тој се појави на теренот синоќа против Интер и одигра многу добар натпревар во победата на својот тим.
По натпреварот, Меси разговараше за малку полошата игра на неговиот тим оваа сезона и ги објасни причините зошто Барса е често непрепознатлива на теренот.
„Кога премногу патувате, не тренирате добро. Во претсезоната патувавме премногу. Отидовме во Јапонија, потоа се вративме во Шпанија и потоа повторно заминавме во САД. Сепак, полека се прилагодуваме и ова не е критика за клубот, знам дека реалноста е тоа и дека тоа го прават големите тимови “, истакна Меси.
„Победивме два важни натпревари. Ние сме на вистинскиот пат, но имавме и некои тешки моменти. Влеговме во сезоната полека по тешката претсезона. Овие не се изговори, туку реалност“, додаде Меси.
Барса ќе го игра следниот натпревар во Лигата на шампионите против Славија Прага.