ФУДБАЛ

Ливерпул – 123.000.000 фунти за освежување на средниот ред, ова се двајцата кои се на врвот на листата!

Ливерпул има список со играчи кои сака да ги доведе летово, Јирген Клоп веќе фрли око на неколку, а се чини јасно која е најголемата желба.

Што е со Алексис Мекалистер?

Овој аргентински фудбалер е проценет на околу 70 милиони фунти, блесна во Брајтон и би бил вистинското решение за средниот ред на Јирген Клоп.

„Мирор“ денеска пренесува дека овој фудбалер е „подготвен“ да потпише со Ливерпул, како и дека клубот од „Енфилд“ е подготвен конечно да ја заврши работата околу овој трансфер.

Не е крај за играчите од средниот ред.

Клоп мора да ја засили средниот ред, а медиумите во Португалија забележуваат дека не е далеку ниту трансферот на Мануел Угарте, играчот за врска на Спортинг кој има ослободителна клаузула од 53 милиони фунти, што очигледно Ливерпул е подготвен да го плати.

Тоа не е се, на списокот е и Аурелиен Чуамени, фудбалерот на Реал Мадрид, но засега се работи за интерес…

Од оваа перспектива, Ливерпул најверојатно ќе го избрза Мекалистер додека ќе биде потрпелив со другите …