ФУДБАЛ

Ливерпул без Алисон во повратниот натпревар против Атлетико?

Во петокот попладне, Јирген Клоп одржа прес-конференција за да го одбележи претстојниот натпревар со Бурнемут.

После поразот од Ватфорд и Челзи и генерално лошата форма, Ливерпул ќе се обидат да се вратат со победа на натпреварот против „Енфилд“, кој е на програмата в сабота со почеток во 1:30 часот.

Клоп потврди дека Алисон Бекер претрпел повреда на тренинзите и сигурно ќе го промаши дуелот со Бурнемут.

Но, она што најмногу ги загрижува сите на „Енфилд“ е големата шанса што Алисон нема да може да брани ниту против Атлетико.

Реваншот од 1/8 финале во Лигата на шампионите се игра во 21 часот во среда и Ливерпул ќе се обидат да го надоместат голот од првиот натпревар во Мадрид, кога Атлетико славеше со 1:0.