ФУДБАЛ

Ливерпул без половина тим во Белгија

Лига Европа е второлигашко натпреварување во Европа, а големите клубови кои обезбедија пласман во следната рунда нема многу да заглават во последното коло.

Гледаме и дека Манчестер Сити дури игра и резервен состав во Лигата на шампионите, па истото го очекуваме и од Ливерпул утре во Лигата на Европа.

Впрочем, некои од најдобрите не заминаа во Белгија на мечот против Сен Жило.

Мохамед Салах, Вирџил ван Дијк, Алисон и Трент Александер-Арнолд воопшто не отпатуваа со тимот, а прашање е кој од останатите играчи утре ќе биде на теренот.

Што се однесува до табелата, Ливерпул има 12 бодови и го обезбеди првото место, Тулуз е втор со четири бода помалку.

ПОВРЗАНО

Лига Европа