Дури 10 рекорди во Премиер лигата може да срушат Ливерпул оваа сезона.
Црвените се доближуваат до обезбедување на својата прва титула во Англија по 30-годишно чекање, но со сето тоа, тимот на Јирген Клоп, кој е неверојатен, може да сруши многу рекорди. Поточно, 10 од нив.
Првиот рекорд е за најдобар почеток на сезоната и веќе имаат постигнато 21 победа и едно реми на 22 натпревари.
Сега на Ливерпул му требаат победи и со следниот натпревар на „Енфилд“ да го сруши рекордот на Манчестер Сити за последователни победи на домашен терен.
Ливерпул има вкупно 13 последователни победи и му остануваат уште шест за да го надмине рекордот на Сити за 2017 година.
Ливерпул вкупно одигра 39 натпревари без пораз, но за да го сруши рекордот на Венгер со Арсенал, му требаат уште 11 натпревари без пораз.
Арсенал е единствената екипа што ја заврши Премиерлигата без пораз. Тоа беше во сезоната 2003/04 и тоа е еден од рекордите што Ливерпул го напаѓаат. Шестиот рекорд е најмногу победи во сезоната. Сити имаше 32 победи пред две сезони, а Ливерпул е на 21 победи досега.
Сити имаше најмногу поени во сезоната во сезоната 2017/18. Тимот на Гвардиола имаше 100 поени, Ливерпул можат да освојат максимум 112 доколку победат на сите преостанати.
Ливерпул оваа сезона има 12 победи на домашен терен и му недостасуваат седум за да го сруши рекордот. Тие имаат девет гостински победи, а за да го срушат рекордот на Сити, потребни се осум победи на гости оваа сезона.
Исто така, постои можност да го надминат Арсенал, кои 537 дена биле без пораз во Премиерлигата. Ливерпул е на добар пат 382 дена без пораз. Останува да се види во наредниот период дали навистина можат да бидат толку добри во рушење на сите тие рекорди.
Во март објавија дека највпечатливите рекорди во Премиерлигата се 100 поени на Сити и непоразената сезона на Арсенал.