ФУДБАЛ

Ливерпул доби бројни понуди за Марко Грујиќ

Херта Берлин, Вердер Бремен и Ајнтрахт Франкфурт се во трка за потпишување на Марко Грујиќ од Ливерпул.

Ливерпул има добиено неколку понуди од Шпанија и Германија за играч од средниот ред кој има 23 години и кој во никој случај не ги оправда очекувањата на Енфилд.

Сепак, српски репрезентативец воодушеви во текот на минатата сезона, кога беше позајмен во Херта и според Гол тој е спремен да остане во Германија.

Грујиќ би останал во главниот град на Германија, но Херта ќе има конкуренција од Вердер и Ајнтрахт, како и од неколку шпански тимови.

Франкфурт е подготвен да го купи откако го продаде Лука Јовиќ на Реал Мадрид, а Ливерпул бараат околу 25 милиони фунти.