Ливерпул е во очајна форма, а денес на „Енфилд“ беше поразен од градскиот ривал Евертон со 2-0.
Евертон на тој начин прв пат славеше на „Енфилд“ од 1999 година, а Ливерпул со нов пораз го израмни негативниот рекорд од 98 години.
Ова беше четврти последователен пораз на домашен терен за тимот на Јирген Клоп, а последен пат му се случи во 1923 година.
Инаку, пред Евертон, поени од „Енфилд“ зедоа Манчестер Сити, Брајтон и Барнли. Последната победа на Ливерпул во Лигата на „Енфилд“ беше во средината на декември минатата година.
Ливерпул во моментов е шести со 40 бода и заостанува 16 бода зад лидерот Манчестер Сити, веројатно става крај на надежите на „црвените“ дека ќе можат да ја одбранат титулата освоена минатата сезона.