ФУДБАЛ

Ливерпул го официјализираше третиот трансфер летово

На Енфилд е зафатено летово.

Ливерпул официјализираше уште еден трансфер по Дарвин Нуњез.

Дресот на клубот од „Енфилд“ во иднина ќе го носи шкотското тинејџерско чудо 18-годишниот Клавин Ремзи.

Споменатиот фудбалер има 18 години и игра на позицијата десен бек, пристигнувајќи како замена за Трент Александар Арнолд.

Иако има 18 години, минатата сезона забележа 33 настапи за првиот тим на Абердин, а веќе е стандарден У21 репрезентативец на Шкотска.

„Црвените“ на Абердин ќе му платат околу шест милиони евра за фудбалерот кој беше на мета на Арсенал и Тотенхем.

Пред Нуњез и Ремзи, во Ливерпул пристигна 19-годишниот Фабио Карваљо од Фулам.