ФУДБАЛ

Ливерпул го положи големиот испит „со звукОт на сирена“, прва победа на „страчките“

Се одиграа уште три натпревари од 15. коло во англиската Премиер лига.

Ливерпул го искористи големиот неуспех и поразот на Челзи од Вест Хем Јунајтед претходно денеска и успеа да го заземе првото место.

„Црвените“ со 1-0 славеа кај „волците“.

Погодувате, Ливерпул беше подоминантен на овој натпревар, Волците се бранеа, но домашните не успеаја да издржат до самиот крај.

Диого Јота ја имаше најдобрата шанса за избраниците на Јирген Клоп во првото полувреме откако топката му ја испрати Александер-Арнолд, но тој од непосредна близина ја испрати топката блиску до голот.

Во 50. минута Хозе Са одлично го одбрани ударот на Тиаго, а десет минути подоцна нов обид на Јота. На три минути до крајот сите ја видовме топката во мрежата, но ударот на Садио Мане фантастично го одбрани неверојатниот Са.

Сепак, португалскиот голман капитулираше длабоко во судиското обештетување. Салах асистираше, а резервистот Ориги постигна гол за големата победа на Ливерпул.

Њукасл Јунајтед дојде до првата победа сезонава. Тие го совладаа Барнли со 1-0, а победничкиот гол го постигна Вилсон во 40. минута.

Манчестер Сити со победа кај Ватфорд од 18:30 часот ќе има одлична можност да поведе во Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига