ФУДБАЛ

Ливерпул го сака Боатенг

Долгогодишниот фудбалер на Баерн, мета на Ливерпул.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака да донесе фудбалер од неговата земја. Германскиот „Билд“ пишува дека дефанзивецот е ставен на листата на трансфери, па ова лето дефинитивно ќе го напушти Минхен.

Клоп сака да го направи стоперски тандем Боатенг-Ван Дајк, а со тоа и да ја зајакне мошне проблематичната одбрана.

Трансферот треба да изнесува 40 милиони евра.