Иако е во голема криза, пред се резултатска, сепак Ливерпул успеа да слави на гостувањето кај Интер во дербито на колото во Лигата на шампионите со 0:1. Голот го постигна Собослаи од пенал во 88-тата минута, момент кој предизвика бура реакции пред се во Италија. Имено, Вирц беше повлечен за дресот од Бастони, а судијата по реакцијата од ВАР собата покажа на белата точка. Коментарите се дека пеналот е престрого досуден, особено при резултат 0:0 и особено што овој потег го реши победникот. Уште повеќе се реакциите поради критериумот кој го наметнаа судиите, откако претходно при шутот на Бисек, топката удри во раката на Ван Дајк, а иако движењето на топката беше директно гол голот на Ливерпул, немаше пенал. Како и да е, ова е победа за Ливерпул, која може да биде пресвртница во резултатите на англискиот тим, кој сезонава се мачи во Премиер лигата.
Резултати ЛШ, вторник:
Каират Алмати – Олимпијакос 0:1
Баерн Минхен – Спортинг Лисабон 3:1
Аталанта – Челзи 2:1
Барселона – Ајнтрахт Франкфурт 2:1
Интер – Ливерпул 0:1
Монако – Галатасарај 1:0
ПСВ – Атлетико Мадрид 2:3
Ројал Унион – Марсеј 2:3
Тотенхем – Славија Прага 3:0
