Ливерпул објави на последниот ден од 2023 година.
Поради проблеми со повредите решија да го вратат фудбалерот кој првиот дел од сезоната го мина во Лајпциг – Фабио Карваљо.
Ова момче не доби доволно минутажа во Лајпциг како што се очекуваше, па ваквиот развој на ситуацијата веројатно е најдобар за двата клуба.
Ливерпул во текот на летото ги одби понудите за овој играч од средниот ред, бројот на тимови кои го посакуваа беше голем, но не и на позајмица. Очигледно е дека Јирген Клоп верува во неговите квалитети и можно е тоа да го докаже до крајот на оваа сезона.
Карваљо пристигна од Фулам во летото 2022 година.
