Англиските клубови од Премиер лигата, Ливерпул и Вулверхемптон се согласија за позајмица Лорис Кариус.
Според англиските медиуми голманот ќе се врати во Ливерпул, откако Кариус решил да се пожали на ФИФА и да ја стопира ноговата позајмица во Бешикташ.
Бешикташ не му ги исплатија платите, па Кариус реши да се пожали и да се врати во својата екипа, тоа е Ливерпул.
Тој сака да брани, а тоа нема да може да го направи во Ливерпул, но интерес покажа Волверхемптон и беше договорена позајмица.
Ова би било одличен потег како за голманот, така и за Вулверхемптон, а останува да се види дали на крајот ќе се случи оваа позајмица.