Торинскиот Јувентус наводно ја одбил големата понуда на Ливерпул за турскиот дефанзивец Мерих Демирал.
„Црвените“ бараат стопер кој би „закрпил“ позиција каде што се многу слаби по бројните повреди, а управата на тимот од „Енфилд“ стапи во контакт со Јувентус.
Тие понудија дури 45 милиони фунти за 22-годишниот Мерих Демирал. Сепак, Јувентус ја одби таа понуда и сметаат дека турскиот фудбалер вреди повеќе.
Останува да се види дали Ливерпул ќе испрати нова понуда за дефанзивецот на Старата дама или ќе се обиде да најде други решенија до крајот на преодниот рок.
Демирал во Јувентус оваа сезона не е стандарден. Тој настапи на 14 натпревари, од кои девет играше на шампионатот.