Избраниците на Јирген Клоп, на денешниот натпревар против Брајтон, на домашен терен славеа за пласманот во Лигата на шампионите.
Ливерпул успеа да издвои сигурна победа со резултат од 4:0, а головите ги постигнаа Салах во 20. минута, Ловрен во 40. минута, Доминик Соланке во 53. минута и Робертсон во 85. минута.
Со пет поени пред Челзи кој денес загуби од Њукасл со 3:0, Ливерпул е четвртиот учесник од Англија во Лигата на Шампионите. На табелата Ливерпул има 75 поени а Челзи 70 поени.