Ливерпул летово ќе претрпи комплетна реконструкција на тимот. Јирген Клоп, кој се уште го чека крајот на сезоната, планира да се раздели со голем број ветерани и да доведе помлади играчи за изградба на новиот Ливерпул.
Џејмс Милнер, Алекс Окслејд-Чембрлен, Роберто Фирмино, Наби Кеита и голманот Адријан се подготвени да го напуштат Енфилд на лето бидејќи нивните договори истекуваат и нема да бидат обновени.
„Црвените“ ќе се разделат и со Бразилецот Артур Мело, кој дојде на позајмица од Јувентус, но поради повредите и незадоволителната форма во досегашниот тек од целата сезона одигра само 13 минути.
На овој начин „црвените“ ќе ослободат простор и средства за нови засилувања.
