ФУДБАЛ

Ливерпул може да ја прослави титулата во старите дресови

Тимот на Ливерпул е на еден чекор од титулата во англискиот премиерлигаш.

Скоро е сигурно дека „црвените“ ќе бидат први доколку сезоната продолжи, а поради сите настани со прекин на сезоната, екипата од „Енфилд“ се најдоа во неволја затоа што нивниот договор со производителот на спортска опрема Њу Баланс истекува на 31 мај.

Ливерпул ќе игра во опрема на славниот „Најк“ од следната сезона, така што управата на клубот се нашла во неволја затоа што договорот со познатиот американски производител не би им дозволил да го подигнат трофејот во опремата на друга марка.

Сепак, Најк имаше разбирање за Ливерпул. Ним им беше дозволено да ја завршат сезоната во опремата на сегашниот производител и „Црвените“ ќе го подигнат трофејот во опремата на Њу Бланс.

Ливерпул потпиша голем договор со Најк вреден 70 милиони фунти по сезона, а тие ја користеа опремата на сегашната марка во претходните пет години.