Јирген Клоп по секоја цена сака да го засили својот тим, особено во средниот ред.
Ливерпул веќе го претстави Алексис Мекалистер, но тоа е само почеток. Се шпекулира дека Клоп дополнително ќе ги засили средниот ред и одбраната, а следна мета е Габри Веига.
Станува збор за одличен 21-годишен Шпанец кој израсна во Селта и оваа сезона експлодираше во тимот од Виго.
Неговата откупна клаузула е само 40 милиони евра, а додека тој низ солзи се збогуваше со навивачите во последното коло од Ла Лига, сите знаат дека Селта тешко ќе го задржи летово.
Фабрицио Романо денеска потврди дека Ливерпул стапил во контакт со неговите агенти и дека веќе се водат преговори.
Личните услови нема да бидат проблем, а доколку Ливерпул ја плати клаузулата од 40 милиони, Шпанецот ќе го облече црвениот дрес.
Претходно се споменуваа Реал и Барселона, но Мадрид го донесе Џуд Белингем, додека Каталонците немаат пари ниту да регистрираат бесплатни засилувања, а камоли да платат некого 40 милиони.
