ФУДБАЛ

Ливерпул не дозволи сензација на Енфилд, Челзи забележа вреден триумф во лондонскиот дуел

Интересно беше во дуелите од 26. коло на Премиер лигата.

Ливерпул губепе од Норич со 0-1, но потоа убиственото напаѓачко трио ги врати работите на свое место. Мане, Салах и Дијаз погодија за пресврт и конечни 3:1, а за Луис Дијаз ова беше првпат во дресот на Ливерпул.

Многу важни бодови во борбата за опстанок постигна Барнли, кој како гостин го совлада Буиртон со 0:3, додека Арсенал на домашен терен беше подобар од Брентфорд со 2:1.

Три вредни бода освои и Челзи во лондонскиот дуел, совладувајќи го Кристал Палас со 0:1, а голот на одлуката го постигна Зјех во 88. минута од натпреварот.

Резултати од натпреварите од 26.коло кои започнаа во 16 часот:

Арсенал – Брентфорд 2:1

Астон Вила – Ватфорд 0:1

Брајтон – Барнли 0:3

Кристал Палас – Челзи 0:1

Ливерпул – Норич 3:1

Саутемптон – Евертон 2:0

 

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига