ФУДБАЛ

Ливерпул не сака да игра против Арсенал

Ливерпул побара од Англиската фудбалска федерација да го одложи полуфиналниот натпревар од Лига купот против Арсенал.

Дуелот меѓу Арсенал и Ливерпул е закажан за в четврток во Лондон, но на „Енфилд“ има голем број заразени со коронавирус, кои и официјално поднесоа барање за одложување на натпреварот.

Поради тоа, денешниот тренинг на Ливерпул беше откажан, но се уште не е познато што ќе одлучи раководството на Англиската фудбалска асоцијација (ФА).

Дербито против Челзи поради круната го пропуштија Матип, Алисон и Фирмино, а го немаше менаџерот Јирген Клоп.

Покрај тоа, во тимот има уште повредени играчи, а недостасуваат и Салах, Мане и Кеита кои се во Африканскиот куп на нации.