Ливерпул се заинтересирани да го засилат нападот во текот на летото со германскиот напаѓач од редовите на Лајпциг.
Ливерпул сака да го потпише напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.
Оваа вест ја објави германскиот таблоид „Билд“.
Англичаните сакаат да го засилат својот напад ова лето и германскиот напаѓач е главна мета за тренерот Јирген Клоп.
Европскиот и светскиот шампион е подготвен да ја плати клаузулата за раскинување на договорот на фудбалерот, вредна околу 60 милиони евра.
Вернер покажал интерес и за други европски клубови како Јувентус, Интер, Челзи и Атлетико Мадрид.
Вернер има постигнато 20 гола на 21 натпревар во Бундеслигата со Лајпциг оваа сезона, имено 25 гола на 30 натпревари во сите натпреварувања.