ФУДБАЛ

Ливерпул носи засилување од Реал

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде е блиску до преселба во Ливерпул, пишува El Nasional.

Весникот пишува дека Црвените и претходно биле заинтересирани за Уругваецот и испратиле понуда од 60 милиони евра, која кралскиот клуб категорично ја одбил барајќи 100 милиони.

Англичаните тогаш не беа подготвени да платат толку, но работите се сменија, па сега подготвија нова понуда – би платиле веднаш 80 милиони евра плус 20 милиони преку разни бонуси со текот на времето.

Тоа е понуда за која Реал веќе размислува посериозно и ја зема предвид.

Валверде минатата сезона одигра 56 натпревари за Реал Мадрид и постигна 12 гола и имаше седум асистенции.

Нешто повеќе за неговиот трансфер ќе се знае наскоро кога ќе се врати од одмор.