Се одиграа и преостанатите шест натпревари од четвртото коло во Лигата на шампионите.
По вечерашниот дуел Ливерпул со триумфот од 2-0 против Атлетико обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Јота и Мане ја затресоа мрежата на Јорган.
Многу блиску до таа цел е Манчестер Сити, кој вечерва го совлада Клуб Бриж со 4:1, со головите на Фоден, Стерлинг, Махрез и Габриел Жесус. Во истата група РБ Лајпциг и ПСЖ ремизираа 2:2.
Ајакс беше подобар од Борусија Дортмунд со 1:3 и му треба само бод во последните две кола за математички да го докаже патот до осминафиналето од оваа сезона во Лигата на шампионите.
Интер се врати на второто место во групата зад Реал Мадрид со триумфот од 1:3 против Шериф. Головите за Интер ги постигнаа Брозовиќ, Скриниар и Санчез, а за домашните погоди Траоре.
Понижување доживеа Бешикташ во кој го немаше Миралем Пјаниќ. Тимот од Истанбул беше декласиран во Лисабон од Спортинг со 4:0 и со тоа се збогуваше од европската пролет. Педро беше двоен стрелец за Спортинг, повеќе голови постигнаа Паулињо и Сарабија.
Група А:
РБ – Лајпциг – ПСЖ 2: 2
Манчестер Сити – Клуб Бриж 4:1
Група Б:
Ливерпул – Атлетико 2:0
Група Ц:
Борусија Дортмунд – Ајакс 1:3
Спортнг – Бешикташ 4:0
Група Д:
Шериф – Интер 1:3