Каталонскиот „Ел Насион“ објави дека Ливерпул е заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Орилиен Чуамени.
Проектот на Јирген Клоп е во криза, а единствено решение е да има неколку опции во тимот, да се ослободи од играчите кои не се исплатиле и да потпише нови ѕвезди.
Приоритет е средината на теренот и главната цел ова лето – Орилиен Чуамени. Тимот од „Енфилд“ ќе се обиде со сите сили да го доведе 23-годишниот Французин од Мадрид, пишува „Ел Насион“. Во текстот се нагласува дека трансферот на Чуамени од Монако за 100 милиони евра воопшто не вродил со плод, бидејќи тој не нашол самодоверба и затоа неговата улога во тимот значително се намалила.
Кога играше не ги оправда очекувањата, а имаше проблеми со повредите и со односот. Аклиматизацијата на Орилиен во Ла Лига оди побавно од очекуваното, додека неговото место го зазеде сонародникот Едуард Камавинга.
Ливерпул сака да ја искористи шансата и да доведе млад и растреперен играч, првичната понуда е 80 милиони евра.
