Како што објавуваат британските медиуми Ливерпул ќе му понуди нов договор на напаѓачот Дивок Ориги
Договорот на Ориги истекува летото 2020 годинан но Клоп е задоволен од играта на Ориги и сака да го задржи во својот тим.
Претходно, голем број клубови во Англија покажаа интерес за него.
Оваа сезона Ориги постигна седум гола и две асистенции на 20 натпревари, во сите наптреварувања. Двата гола кои ги постигна во реванш полуфиналето од ЛШ против Барселона, му овозможија на Ливерпул да игра во финалето, но со тоа на еден начин си го осигура местото во Ливерпул.