ФУДБАЛ

Ливерпул поведе во Лисабон, а стрелецот тешко би го погодиле (ВИДЕО)

Ливерпул поведе со 0:1 против Бенфика во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Црвените“ подобро го отворија натпреварот, а наградата стигна во 17. минута.

Стрелецот сепак би бил тешко да се погоди.

Робертсон нафрли од корнер, а Конате беше најдобар во скокот и ја затресе мрежата на Орлите од Лисабон за да го прослави тимот од Енфилд.