ФУДБАЛ

Ливерпул, пред Реал за Мбапе

„Лос бланкос“ имаат тешкотии во трансферот на Французинот поради финансиски проблеми, „црвените“ се подготвени да го искористат случајот

Реал Мадрид има потешкотии во трансферот на Килијан Мбапен.

Шпанскиот гигант го погоди финансиската криза, исто како и Барселона, причината е коронавирусот. Францускиот претставник бара висока плата и ова е недостапно за актуелниот шпански шампион.

И, Ливерпул се обидува да ја искористи оваа ситуација, кој сега се смета за фаворит за трансфер на француската sвезда.

Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ пренесува дека англискиот шампион чека вистински момент да ја даде понудата до ПСЖ.

Се очекува Мбапе да ја напушти престолнината на Франција во текот на летото и Англија би можело да биде неговата следна дестинација.

Мбапе може да го замени Мохамед Салах од „црвените“, кој може да го напушти „Енфилд Роуд“.

Во меѓувреме, ПСЖ ќе се обиде со сите сили да го задржи светскиот шампион со Франција во „Паркот на принцовите“.