Ливерпул ја прекина работата на одредено време.
Клубот од „Енфилд“ го затвори тренинг центарот бидејќи многу членови на тимот, како и многу играчи на првиот тим на „црвените“ се заразени со коронавирус.
Во официјалното соопштение, Ливерпул објави дека има премногу заразени на последниот тест за Ковид-19 и дека нема услови клубот да продолжи со работа.
Поради сето ова откажана е прес-конференцијата пред мечот со Арсенал во полуфиналето на Лига купот, а верувале или не, Ливерпул нема ниту еден тренер кој би можел да го води тимот против лондонскиот клуб.
Пепијн Лијндерс, помошникот на Јирген Клоп е заразен со КОВИД-19, а самиот Клоп од претходно е во изолација.
Ливерпул побара од Англиската фудбалска федерација да го одложи полуфиналниот натпревар од Лига купот против Арсенал, а тоа барање сега е уважено и натпреварот ќе добие нов термин.
Покрај тоа, во тимот има уште повредени играчи, меѓу кои Салах, Мане и Кеита, кои се на Африканскиот куп на нации кој започнува на 9 јануари во Камерун.
Да потсетиме, Ливерпул е трет на табелата во англиската Премиер лига со 42 бода, еден бод помалку од второпласираниот Челзи и 11 од првопласираниот Манчестер Сити, кој е голем фаворит за одбрана на титулата освоена минатата сезона.