Водечките европски фудбалски клубови лесно ги презентираат дресовите за следната сезона.
На ред дојде Ливерпул, кој следната сезона ќе игра во интересни дресови.
Тимот од „Енфилд“ традиционално ќе остане во црвена боја, но над дресот ќе има потенки портокалови ленти, што е новина кога станува збор за Ливерпул.
Liverpool have revealed their new home kit for the 2021/22 season 🔴
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 20, 2021
Покрај лентите и јаката ќе има портокалова боја, а „црвените“ ќе играат во дресовите на „Најк“.
Во следните денови треба да се претстави сетот за гости.
Навивачите реагираа позитивно на новите дресови на „црвените“ и ќе видиме дали тоа ќе му донесе среќа на Ливерпул, кој се уште нема обезбедено место во Лигата на шампионите пред колото во Премиер лигата, и ќе им треба триумф против Кристал Палас во последен круг. Натпреварот се игра на „Енфилд“.