Фудбал

Ливерпул претстави нови дресови, навивачите воодушевени

Ливерпул го претстави третиот сет на дресови за новата сезона.

По презентацијата, навивачите беа воодушевени бидејќи дресовите беа инспирирани од дресовите од 1977 година, кога Ливерпул доминираше на англискиот и европскиот фудбал.

Дресовите се жолти со црвена боја на ракавите и јака која има посебен дизајн.

Ова е вторпат во оваа деценија Ливерпул да има жолти дресови во сетот, а сличен имаа и во сезоната 2014/2015, кога станува збор за дресовите на гости, поточно вториот сет.

https://twitter.com/neiljonesgoal/status/1435501766536216579