„Црвените“ продолжуваат да ги ловат сите трофеи оваа сезона.
По освојувањето на Лига купот, вечерва во осминафиналето на ФА Купот, тие го совладаа Норич со 2:1 и изборија место меѓу осумте најдобри екипи во најстарото клупско натпреварување во светот.
Ливерпул вечерва истрча во комбиниран состав, а Клоп направи дури десет измени во однос на финалниот дуел од Лига купот против Челзи.
„Црвените“ поведоа со 1:0 во 27. минута. Ориги асистираше, а Минамино погоди за 1:0.
Јапонецот одигра одличен натпревар, а во 39. минута го постигна вториот гол за 2:0.
По вториот гол на „црвените“, темпото на игра падна, Ливерпул рутински го приведе мечот кон крајот, а гостите поведоа во 76. минута кога Руп со одличен удар од 20 метри погоди за 2:1.
Сепак, до крајот на мечот немаше изненадувања, остана 2:1 и Ливерпул избори пласман во четвртфиналето, каде се уште екипите на Манчестер Сити, Кристал Палас, Челзи, Саутемптон и Мидлсборг.
Последните два пара од осминафиналето се Евертон – Борехам Вуд и Нотингем – Хадерсфилд.