Екипата на Ливерпул успеа со пресврт да стигне до победа на денешниот дуел од 21.коло од Премиер лигата откако го совлада Лестер со 2:1, иако противникот по првиот дел водеше со 1:0.
Гостите поведоа со 1:0 во 3.минута со голот на Џејмаи Варди. По неколкуте промашувања во првиот дел, во второто полувреме најдобриот стрелец на Ливерпул Мохамед Салах постигна два гола (52 и 76.минута) за победа на „црвените“. Сега Салах има постигнато 17 голови или еден помалку од Хари Кејн од Тотенхем.
Ливерпул остана на 4.место на табелата со 41 бод.
Ова беше и прв пораз на менаџерот на Лестер Клод Пуел од Ливерпул во седмиот натпревар против оваа екипа.
На другите дуели одиграни попладнево Челзи убедливо со 5:0 го совлада Стоук, додека првата гостинска победа ја оствари Свонси со триумф над Вотфорд со 2:1.
Натпреварите Њукасл – Брајтон и Буренмут – Евертон завршија без голови 0:0, додека Буренмут го победи Евертон со 2:1.