Опасниот француски напаѓач би можел да го напушти ПСЖ на крајот од оваа сезона, односно во летото 2020 година
Килијан Мбапе е едно од најзборуваните имиња во преодниот рок на фудбалот.
Француската ѕвезда блеска на дресот на ПСЖ, а тоа ги натера најголемите европски клубови да го насочат вниманието кон Мбапе и да смислуваат начини како да стигнат до трансфер на Мбапе.
Во трката за поранешниот играч на Монако се двата шпански гиганти, Реал Мадрид и Барселона.
Сепак, „Ел Десмарк“ пренесува дека Ливерпул покажал интерес за светскиот шампион со Франција.
Мбапе чувствува дека треба да започне ново искуство во кариерата.
Ливерпул е подготвувен за „битка“ со двата шпански гиганти, но сепак, фаворит за трансфер на Мбапен се чини дека е Реал Мадрид, за кој и самиот Мбапе изјави дека еден ден сака да игра за Реал.