ФУДБАЛ

Ливерпул во две минути ја заврши работата, Виљареал ќе брка негатива од два гола

Ливерпул го победи Виљареал со 2-0 во полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите на „Енфилд“ и дојде на чекор до пласман во финалето.

Ливерпул тргна во офанзива со висок притисок. Очекувано избраниците на Јирген Клоп беа доминантни и Виљареал не можеше да направи речиси ништо во фазата на напад во првото полувреме и избраниците на Унаи Емери дадоа се од себе за да украдат време од самиот почеток на натпреварот.

„Црвените“ создадоа неколку шанси во воведните 15 минути. Се обидоа Салах, Мане и Дијаз, но резултатска промена немаше, па играта малку се смири.

Во 27. минута нова убава шанса за домаќините. Салах косо шутира од десната страна, топката оди над голот. Шанса осум минути подоцна има и Салах кој повторно ја испрати топката над голот.

Тиаго Алкантара ја пропушти најубавата шанса во првото полувреме. Играчот од средниот ред на Ливерпул биеше силно од околу 20 метри и ја погоди пречката и заминаа на одмор без гол (0:0).

Сепак, по само десет минути игра, Црвените ја покажаа својата моќ и за десет минути го скршија отпорот на Жолтата подморница.

Во 53. минута Ливерпул поведе. Добра акција на Џордан Хендерсон, а Еступинијан ја погоди сопствената мрежа за водство на домаќините со 1:0.

Само две минути подоцна нов гол во мрежата на гостите. Мохамед Салах феноменално го пронаоѓа Сади Мане, а Сенегалецот постигнува гол за 2:0.

По два гола Ливерпул пропушти уште неколку убави шанси, топката не сакаше да влезе во голот, а гостите во некои моменти имаа многу среќа.

Виљареал, пак, не направи ништо во фазата на напад. Делуваа беспомошно и на крајот можат да бидат среќни што си заминаа дома со само два примени гола.

Ливерпул е на чекор до финалето во Лигата на шампионите и на Виљареал ќе му треба чудо за да го спречи тоа.