Ливерпул постигна два гола во вториот дел по десет минути игра.
Откако Виљареал ја задржа нулата во првото полувреме со антифудбал, Жолтата подморница прими два експресни гола.
Најпрвин во 53. минута Џордан Хендерсон со помош на Еступинијан погоди за 1:0 , а само две минути подоцна Мане на асистенција на Салах погоди за 2:0.
Заслужено водство на Ливерпул кој вечерва е многу подобар тим на Енфилд.