ФУДБАЛ

Ливерпул залудно се обидуваше: Во срцето на Муниаин има само еден клуб

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Икер Муниаин го одбил Ливерпул поради неговиот клуб.

Ливерпул размислуваше за доведување на Муниаин во јануари, но тоа нема да биде лесно бидејчи Муниаин е роден во Памплона, а од мали нозе игра за Атлетик и не сакаат да го напушти.

На 16 години во 2009 година дебитираше за овој клуб и има повеќе од 350 настапи и е една од иконите Башка, а тамошните играчи често се поврзани со Атлетик, па дури ни понуда од клуб како Ливерпул не ги интересира.

Муниаин постигна четири гола оваа сезона на девет натпревари од Лигата, а освен Ливерпул, Наполи исто така е заинтересиран за него. Се разбира, ниту за едниот ниту па за другиот клуб не размислува и ќе остане уште некое време во Атлетик.

Има 25 години, тој сè уште може да направи голем трансфер, но немојте да бидете изненадени ако остане на „Сан Мамес“ засекогаш.