ФУДБАЛ

Локатели и сонот на Јувентус: Лажеш, знаеш дека лажеш…

Мануел Локатели стана нов играч на Јувентус.

Италијанскиот репрезентативец вчера потпиша петгодишен договор со „Старата дама“ и, се разбира, по пристигнувањето објави дека играњето за Јувентус е остварување на сонот.

“Јуве. Приказна за голема љубов. Мојот детски сон. Желбата што ја барав со гаснење на секоја свеќичка. Конечно Јуве”, изјави Локатели.

https://twitter.com/locamanuel73/status/1428088573157380098

Одличниот фудбалер пристигна од Сасуоло, но претходно ги мина младинските селекции на Милан.

Еден од навивачите на „росонерите“ одлучи да му покаже фотографија на која тој исто така во дресот на Милан напиша дека соништата од детството му се остварија и му рече: Лажеш, знаеш дека лажеш…

Мануел Локатели пристигна во Милано како 11-годишник и го носеше дресот на овој клуб цели десет години. Тој беше член на првиот тим од 2016 до 2019 година и одигра 63 натпревари.

Сепак, тој ги обезбеди најдобрите игри во Сасуоло и на крајот направи голем трансфер.