Фудбалерите на Арсенал ја постигнаа седмата победа сезонава во Премиер лигата откако во првиот натпревар од 12.коло го совлада градскиот ривал Тотенхем со 2:0.
Натпреварот беше решен во првото полувреме, а стрелци на головите за „топџиите“ беа: Шкодран Мустафи во 36.минута и Алексис Санчез во 41.минута.
Со денешната победа Арсенал има 22 бода и се проби на петтото место на табелата пред Ливерпул, додека Тотенхем го забележа вториот пораз и остана со 23 бодови на третото место.
Попладнево се играат уште седум натпревари од оваа рунда во Премиер лигата.