ФУДБАЛ

Лопетеги: Не се плашам за мојата работа

Реал Мадрид го допре дното по поразот од Леванте (1: 2) дома на во деветтиот круг од Ла Лига.
„Кралевите“ веќе петти меч по ред се без победа, во кои запишаа четири порази.

Се очекуваше тренерот Хулен Лопетеги да биде отпуштен по новиот кикс, но тоа не се случи. Поранешниот селектор на Шпанија на прес-конференција истакна дека не е загрижен за неговата работа.

– Мојата позиција? Тоа е последното нешто на кое размислувам во моментов. Ние мора да ги кренеме играчите за големиотмеч во вторник, рече Лопетеги.

Во вторник, Реал Мадрид ќе биде домаќин на Виторија од Плзен на домашен терен. Тоа е можност за консолидирање на тимот во пресрет на „Ел Класико“ со Барселона ,кое е на програмата следниот викенд на „Камп Ноу“.

– Ние треба да седнеме и да размислиме што правиме погрешно. Ние треба да ја промениме динамиката. Не постигнуваме голови … Но, на кратко – ние мора да инсистираме на некои работи и да не се грижиме, бидејќи тимот направи многу работи добро, рече стратегот на Реал Мадрид.

Лопетеги ја отфрли можноста за казни за играчите по новиоткикс.

– Заслуживме да победиме, но тоа е фудбалот. Победник е оној кој постигнува повеќе голови. Моите играчи не заслужуваат казна. Пред нас е еден натпревар од Лигата на шампионите и ние треба да се опоравиме пред тоа, заклучи тренерот на „кралскиот“ клуб.

ПОВРЗАНО

Ла Лига